За неколку денови истекува рокот за повикот за закуп на државно земјиште до 3 хектари и над 3 хектари

Вести Огласи

За неколку дена истекуваат роковите за доставување на документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари. Конкретно, за јавниот повик до 3 хектари рокот за поднесување документација е до 11.01.2019, петок, а за јавниот оглас за давање државно земјоделско земјиште над 3 хектари рокот е до 17.01.2019.

Јавниот повик до 3 хектари е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони, а на земјоделците им овозможуваме доколку имаат информации каде има слободна земја самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат.

Предмет на јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети. Целта и на повикот и на огласот е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани да ги запазат роковите со цел навреме да се заврши целата процедура и да се склучат договорите.

 

Ј а в е н   П О В И К    бр.01/18 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Свети Николе, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Штип, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир.

Предмет на постапката од Дел I став 1 на овој jавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.


Јавниот повик бр.01/18 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во дневните весници е објавен на ден 12.12.2018 година.

Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници.

Јавен   ОГЛАС бр.12/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1426ха 88ар 64м2


Крајниот рок за аплицирање е до 17.01.2019 година

Јавното отварање ќе се одржи во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје на 18 јануари со почеток од 10 часот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *