За прв пат потпишан колективен договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во мзшв

Вести
Денеска за првпат, се потпиша Колективен договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите, во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство!
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно со претседателот на Синдикатот на вработените во Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Северна Македонија, Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација при МЗШВ, Александар Диље и претседателот на Независниот Синдикат на Шумската полиција, Никола Гаговски го потпишаа договорот.
Со овој договор, системски се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција, но за првпат се регулира и правото за добивање на додаток во висина од 30% за компонента, ниво за Овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат како и тежината и посебните услови под кои се извршуваат.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *