Загревање на леите каде се одгледува расадот – апелираат агрономите

Вести

Петрови од струмичко Василево секојдневно го надгледуваат расадот со зелка. Ја контролираат температурата и влажноста во леите за да не дојде до измрзнување оти за некој ден ќе мора да ја расадат под пластеници. Ѓорги Петров тврди дека се изложени на дополнителни трошоци но раноградинарството им е основна дејност.

Засега нема поголеми штети во градинарството. Последици од снегот и нсиките температури може да има кај веќе засеаните култури на постојано место каде не се контролира температурата.

„Во зависност од времетраењето на таа негативна температура, сите тие негативности ќе се качат во текот на самиот развој и ќе дојде до пореметување по производствена единица, површина по количина.“ – вели Ристо Велков, Синдикат на земјоделски производители.

Загревање на леите каде се одгледува расадот апелираа агрономите. Во спротивно можни се штети кај расадот со домати, пиперки и краставици.

„Ако температурата падне на 10 степени или пониско доаѓа до пореметување, а на нула и до измрзнување. Задолжително температурите да се држат на 15 степени, а преку дента кога е сонце, на 25 степени.“ – вели Игор Ивановски – агроном.

Снегот кој паѓаше изминативе денови во струмичко засега не предизвика поголеми проблеми кај пластениците и оранжериите. Засега тие се подготвуваат за отпочнување на сеидбата па мора да се одржуваат функционални за што постојано се чистат од натоложениот снег.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *