Започна аплицирањето за добивање на субвенции за земјоделството за 2020 година

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството, дека почна аплицирањето за добивање на субвенции за земјоделството.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 31- ви јули 2020 година.

 

Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за  заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Здружение за земјоделци „Современо Земјоделство“ Битола.

Барателите да користат заштитни маски и средства за дезинфекција, се со цел превенција и заштита од вирусот „COVID 19“. Апликантите пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.“

Како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат  условите за користење на оваа поддршка а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите.

Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина  ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијае во развој и модернизирање на домашниот агро сектор а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *