Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше прес-конференција на која го најави новиот проект ,,Функционална анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“.
На настанот присуствуваше претставникот на Делегацијата на Европска унија, Никола Бертолини, директорот за Македонија и Косово на Светска банка Марко Мантованели, како и претставникот на Светска банка за земјоделство, Силвија Маури.
На работниот состанок беа презентирани сите активности околу проектот, начинот како ќе спроведува и што ќе бидат крајните придобивки. Министерот Николовски посочи дека се работи за исклучително важен проект чија што цел е зајакнување на капацитетите на МЗШВ, создавање квалитетна администрација и соработка меѓу институциите, што крајно ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците и за сите граѓани.
– Посветено работиме на прилагодување на земјоделскиот сектор кон европските стандарди. Во оваа насока ми беше задоволство денеска да го најавам почетокот на проектот ,,Функционална анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Негова цел е зајакнување на капацитетите на МЗШВ, создавање квалитетна администрација и соработка меѓу институциите, што крајно ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците и за сите граѓани, истакна Николовски.
За оваа намена ЕУ има издвоено 500.000 евра, а проектот ќе биде спроведен од Светска банка. Функционалната анализа се очекува да заврши до јули 2019 година.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство