Засилени контроли на јајцата пред Велигден

Вести

Засилени се инспекциските контроли за безбедноста и квалитетот на јајцата пред велигденските празници.

Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ, истакнал директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов на состанок со претставници од Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија.

Атанасов нагласи дека секоја недоследност во однос на квалитетот на јајцата, граѓаните и компаниите можат да го пријават во АХВ врз основа на што ќе биде спроведена и инспекциска контрола.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *