Заврши пријавувањето на штети во Могила, најмногу настрадан тутунот

Вести Полјоделство

Заврши пријавувањето на штетите од невремето кое пред десет дена ги зафати селата Долно Српци, Беранци, Вашарејца и Ивањевци во Општина Могила. Заклучно со 16 јули кога беше и крајниот рок за пријавување, поднесени се околу 150 барања, а зафатени се од 350 до 400 хектари обработливо земјоделско земјиште, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Земјоделците од овие села најмногу штети имаат пријавено за тутунот, потоа се житните култури и лозовите насади.

Фотографија: Современо Земјоделство

Општинската Комисија, која беше формирана на последната седница на Советот на Општина Могила, веќе излезе на терен за да врши прва проценка на штетите. Вчера беа во Долно Српци каде имаше најголема штета, од каде имаше и најголем број пријави од земјоделците за претрпена штета од поројниот дожд и град кој го зафати овој регион. Во ова село од невремето најмногу настрадал тутунот.

Откако ќе заврши проценката на терен од страна на Општинската комисија тие се процесуираат до Владината комисија за проценка на штети, вели Гулевска.

Овој регион беше погоден од невреме и пред еден месец кога најпогодени беа Могила и Радобор, а земјоделците од овие села имаа 188 пријави за настанати штети на посевите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *