Климатските промени се повеќе се одразуваат врз земјоделското производство. Земјоделците велат има периоди кога само за 24 часа се јавува разлика во температурата и до 20 степени, а сето тоа им прави сериозни проблеми, пред се во растителното производството. Наглите промени во времето веќе почнале да влијаат на квалитетот, а посебно евидентно било намалувањето на приносите.
,, Во голем дел од одгледувањето на земјоделските култури драстично е намалувањето на висината на приносите по единица површина, а пред се тоа се должи на наглите климатски фактори,, вели РИСТО ВЕЛКОВ – СОЈУЗ СИНДИКАТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ
,,Тоа се одразува, овие температури каде понекогаш имаме големи осцилации на дневната и ноќната температура, тоа придонесува да немаме квалитет.,, вели ДРАГИ ПАМУКОВ – ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА ВЕГЕ ФРЕШ
Засега земјоделците немаат некое конкретно решение за надминување на ваквата состојба. Велат ги следат советите на стручните лица и започнале со адаптација на производство. Но, доколку продолжат ваквите промени на времето веројатно ќе бидат принудени да ги сменат културите и да преминат на некој друг вид производство, поотпорно на наглите климатски промени.