Златни медали за македонскиот мед на Игор Најдов на натпревар во Тузла

Вести

Златни медали освоија неколку мостри на македонски мед на натпревар во Тузла, Босна и Херцеговина. Игор Најдов соопшти дека две мостри од неговиот мед „медликовец“ од пчелите кои ги одгледува во кавадаречкото село Конопиште, добиле високи оценки за квалитет.

„Според мене, станува збор за еден од најдобрите натпревари за квалитет на мед. Имаше пријавени околу 450 примероци на мед од целиот свет. Ние неколку македонски пчелари се најдовме меѓу најдобрите на табелата за освоени награди“, појасни Најдов кој е дипломиран инженер по фармерско производство.

Упатувајќи честитки до македонските пчелари, тој посака уште многу квалитетен мед и уште многу награди за македонскиот мед.

МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *