ЗРСК “Шаран” го пориби Калиманско Езеро со 500 килограми крап

Вести

Како што известуваат од Спортското риболовното друштво „Шаран“ извршено е порибување на Калиманско Езеро со 500 кг риба. Рибите од видот крап се пуштени во близина на браната од Хидроцентралата Калиманци, од кои 50 се матици за мрестење, истите се набавени од Репро Центар „Козјак“, – стои во изјавата од СРД „Шаран“ Македонска Каменица.

На порибувањето покрај членовите на СРД „Шаран“ присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

„Оваа активност на каменичкото спортско риболовно друштво традиционално е поддржана општина Македонска Каменица. Се надевам дека, на овој начин, езерото Калиманци ќе остане препознатлива дестинација која ќе ги привлекува спортските риболовци, не само од Македонија туку и од странство“, – изјави Стаменкова

Езерото Калиманци во изминатиот период беше доста испразнето, но после последните обилни врнежи од дожд, состојбата со водостојот е нормализирана, со што во наредниот период после топењето на снегот, се очекува и негово целосно полнење.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *