Македонија пат“ ќе пријавува угинати животни на патиштата, Агенцијата за храна и ветерина ќе ги подигнува

Вести

Првите луѓе на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – “Македонијапат”, Беким Мемеди, потпишаа меморандум за соработка меѓу двете институции.

Со меморандумот се официјализира соработката на дефинираните активностите за  пријавување и доставување на трупови од угинати животни (куче, мачка, зајак, лисица, волк, куна, ласица, шакал, дивокоза, срна и дива свиња) кои на државните патишта на целата територија на земјава, ќе бидат најдени од страна на вработените на ова јавно претпријатие при извршување на работните задачи.

Како што нагласи Бабовски, со потпишување на овој меморандум за соработка ќе се зголеми нивото на заштита на здравјето на животните и на луѓето, но и  безбедноста во сообраќајот на државните патишта.

За реализирање на овие активности со вработените од ЈП “Македонијапат” ќе бидат склучени посебни договори, со секој вработен, а дефинирани ќе бидат и финансиски средства за спроведување на предвидените активности со Меморандумот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *