Одобрен проект за уредување на уште еден дел од коритото на Крива Река

Вести

Со средства во висина од 3,6 милиони денари обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се уреди уште еден дел од коритото на Крива Река во централното подрачје на Крива Паланка.

– Продолжуваме со уредување на централното градско подрачје и заштита на животната средина. Потпишан е договор за грант во висина од 3,6 милиони денари одобрени преку програмата за регулација и одведување води на МЖСПП. Со овие средства ќе продолжи уредувањето на минор коритото на Крива Река од завршениот дел спроти градската автобуска станица кон населбата Осичка Маала и спортскиот центар. Со овој проект ќе се изврши регулација на околу двесте метри од коритото на реката, а веќе се аплицирани уште два проекти до Бирото за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на Североисточен плански регион за доуредување на коритото во должина од околу 500 метри, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Рече дека со уредување на коритото на потегот од центарот на градот кон спортскиот комплекс и изградбата на пешачко-рекреативната патека кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, која се гради со проектот финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу со Бугарија, ќе се комплетира и уреди изгледот на овој дел од градот.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *