Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше одбележан Меѓународниот ден на земјоделските задруги, под мотото „Задруги за достоинствена работа“.
Единаесет земјоделски задруги денеска добија договори за финансиска поддршка во вкупна вредност од над 9 милиони денари преку Програмата за рурален развој.
МЗШВ изминатите две години континуирано работи на мерки кои ќе ги поттикнат земјоделците да се здружуваат во задруги.
Шефот на кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Никица Бачовски, истака дека задругите се важни затоа што отвораат пристојни работни места во секторот земјоделството а исто така земјоделците преку здружување стануваат поконкурентни на пазарот.
МЗШВ