Интервентен откуп на пченицата да има само ако се утврди дека е потребно и да почнува од 1 јули, кога стартува жетвата, а не порано, да се смени старосната граница за млади земјоделци (наместо 35, да биде 40 години), да се обезбеди еднаква поддршка за овчарите во високите и низинските предели, да има субвенции за системот крава – теле, да се облагородат пасиштата со агромелиоративни мерки и рокот за исплата на земјоделски производи од страна на откупувачите да се намали од 90 на 30 дена, бара Националната федерација на фармери (НФФ).
Прочитај повеќе