Почна закројувањето на виновата лоза

Вести Лозарство

Временските услови им се погодија и на лозарите. Иако Свети Трифун е сѐ уште далеку односно официјалниот почеток на закројувањето на виновата лоза, во Tиквешијата лестерите веќе се поткаструваат особено на поголемите површини со лозја.

Се кројат лозјата во Тиквешко. Голем дел од лозарите мораат да брзаат и не можат да го чекаат „Свети Трифун“ кога симболично почнува закројувањето. Причината е што имаат поголеми плантажи и поволните временски услови.
Ланската година за лозарите почна со непогоди. Пролетните мразеви уништија скоро 70 проценти од родот, особено во кавадаречкиот регион. Потоа дојдоа и високите температури и направија уште поголеми штети особено во регионите каде што немаше можности за наводнување.
Со откупот немаше проблеми и она што се собра беше со добар квалитет, а винските визби, родот го откупија во целост. Откупните цени кај поквалитетните сорти беа повисоки од 2016- та година, и тоа кај смедеревката за 2,5 и за 6 проценти кај вранецот.
Лозарите сега ја чекаат и втората рата од 40 проценти за грозјето од ланската реколта која според законот трба да се плати најоцна до 15-ти февруари.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *