Лешници и ореови плантажи ќе засадуваат турски инвеститори во Новаци

Заинтересирани се за отворање на гума и каучук, засадување на лешници и ореови плантажи. Јас ги информирав дека во тек е постапката за профункционирање на индустриската зона затоа што е променета локацијата, треба да се направи инфраструктура, па од тие причини реално оваа нивна идеја може да започне да се реализира од следната година. “ вели градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Share
Прочитај повеќе

Цуцулоски: Зголемена е површината под тутун во Битолско

– Оваа година сме повеќе од задоволни од динамиката на издавање на евидентни листови.  Веќе се издадени 2717, а до завршувањето на рокот за пријавување, очекуваме бројката да достигне 2800 евидентни листови -истакна Александар Цуцулоски, раководител на ПЕ Битола,  за Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Инфо сесија за органско земјоделство денеска во Прилеп

Како да се сертифицирам за органско производство, Семиња, заштита и советодавни услуги, Трошоци на органското производство и Кои се потребите на пазарот за свежи органски производи, се темите на кои ќе зборуваат домашни и странски експерти, а ќе учествуваат земјоделци од прилепскиот регион и откупувачи.

Share
Прочитај повеќе

На 300 хектари ќе се садат новите пролетни култури во Дебарско

– Од вкупно планираните површини, 180 ќе бидат засеани со житни култури, од кои 165 со пченка, 10 со пролетен јачмен и 5 хектари со овес. Што се однесува до градинарските култури тие ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан. Останатите 75 хектари ќе бидат засеани со фуражни култури, односно 50 со луцерка и 25 други фуражни култури, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Дебар.

Share
Прочитај повеќе

Велешкиот млад кромид на пазарот во Хрватска

Како што информираат производителите, годинава се извезени пет шлепери од по 12 тона или вкупно 60 тона млад кромид. Тие изјавија дека само делумно се задоволни од извозот иако откупувачот веднаш им исплатил. Цената, според нив, била далеку пониска споредено со лани.

Share
Прочитај повеќе