Во тек е аплицирање за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко
Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко, од мај до септември 2018 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Рокот за аплицирање е до петти ноември 2018 година.

