(ВИДЕО) Синоќа се одржа првата трибина во Могила, во рамки на кампањата „Договорно производство на сончоглед“

-Во Могила ја одржавме првата трибина за Договорното производство на сончоглед. Големиот интерес на земјоделците покажува дека сме на вистинскиот пат, а нивните сугестии беа во насока да успее овој начин на соработка со откупувачот, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб, ќе се интервенира доколку дојде до пораст на цените и на останатите типови леб

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дополнителна субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпa

Земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи. Владата ја донесе оваа одлука поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат и земјоделците. Субвенцијата се однесува за количините кои се произведени и предадени во период од 1-ви октомври до 25 декември 2018 година и кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Промоција на добри практики за зелена економија

Презентацијата е дел од  проектот GEAR-Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија.  Проектот е фокусиран на подобрување на капацитетите на граѓанските организации од регионот кои се активни во секторот животна средина и клима за да ги застапуваат и промовираат концептите на зелена економија и зелено претприемништво.

Share
Прочитај повеќе

Косовските царини кон Србија можност за поголем извоз на македонските земјоделски производи

Косовското воведување царински давачки од 100 отсто кон Србија и БиХ не се очекува да предизвика позначајни негативни ефекти и нарушување на македонската економија. Дури, како што оценува Стопанската комора на Македонија, можно е нашите земјоделски производи кои веќе ги има на пазарот во Косово да бидат позастапени.

Share
Прочитај повеќе