Пробиотскиот леб е сѐ повеќе баран во светот

И покрај бројните продукти на пазарот, треба да се одбере и консумира разновидна храна која ги содржи сите макро и микро-нутриенси. Пробиотиците се растителни влакна кои ги поддржуваат растот и нормалната активност на цревната микрофлора, со што воедно помагаат при зачувување на општото здравје.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен водостојот на речиси сите реки во Македонија

Најголемо зголемување за околу седум пати има кај реката Треска, а скоро двојно е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев Рид во Скопје. Двојно е зголемен водостојот и на Пчиња и на Крива Река. Исклучок е реката Сатеска каде водостојот е 17 сантиметри под нормалната кота.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео: Денеска сончево, од утре снег

Утре попладне и в петок ќе има повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се основа „ЈП Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро

Примарната дејност на јавното претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.

Share
Прочитај повеќе

Инсектите ќе го скусат грчкото производство на маслиново масло за 40 отсто

Според експертите, причина за тоа се пониските од вообичаено зимски температури и обилните врнежи во јуни, кои создадоа поволни услови за размножување на маслиновите муви. Во ноември Министерството за земјоделство започна научно истражување за да се анализира тој феномен и можната поврзаност со климатските промени.

Share
Прочитај повеќе

ИПА 2 Секторски комитет за следење – конкурентност, иновации и агрокултура

Денеска во клубот на пратеници се одржува ИПА 2 Секторски комитет за следење – конкурентност, иновации и агрокултура.

Share
Прочитај повеќе

АХВ ги демантира наводите во соопштението на „Коалиција против ГМО“

АХВ е надлежна за уредување на легислативата и контролата на ГМО храната и ГМО храната за животни, но, не и за одобрување и пуштање во промет на ГМО семињата, ниту за култивацијата и одгледувањето на култури кои се генетски модифицирани. АХВ не е надлежна институција ниту за контрола на влијанието на овие генетски модифицирани култури врз животната средина и врз диверзитетот во природата.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ со поддршка за жените-земјоделки

Со цел Министертвото за земјоделство да излезе во пресрет на барањата на жените земјоделки критериумот ќе биде предмет на ревизија и во соработка со релевантните страни ќе се промени и ќе биде дефиниран согласно начелата за родова еднаквост, се вели во дописот на министерството за земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Илиевски во посета на откупните пунктови за тутун во с. Добрушево

– 90% од производството на тутун е наменето за извоз на странските пазари и приливот на финансии е доста добар за самите производители поради што беше и причина повторно да се појавиме на откупните пунктови, рече Методија Илиевски.

Share
Прочитај повеќе

Средба на жените-фармери за подобра социо-економска положба во руралните средини

На средбата ќе стане збор за препораките и барањата на НФФ за подобрување на социјалната и економска положба на жените од руралните средини.

Share
Прочитај повеќе