МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб, ќе се интервенира доколку дојде до пораст на цените и на останатите типови леб

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дополнителна субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпa

Земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи. Владата ја донесе оваа одлука поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат и земјоделците. Субвенцијата се однесува за количините кои се произведени и предадени во период од 1-ви октомври до 25 декември 2018 година и кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Промоција на добри практики за зелена економија

Презентацијата е дел од  проектот GEAR-Green Economy for Advanced Region, финансиран од Европската унија.  Проектот е фокусиран на подобрување на капацитетите на граѓанските организации од регионот кои се активни во секторот животна средина и клима за да ги застапуваат и промовираат концептите на зелена економија и зелено претприемништво.

Share
Прочитај повеќе

Косовските царини кон Србија можност за поголем извоз на македонските земјоделски производи

Косовското воведување царински давачки од 100 отсто кон Србија и БиХ не се очекува да предизвика позначајни негативни ефекти и нарушување на македонската економија. Дури, како што оценува Стопанската комора на Македонија, можно е нашите земјоделски производи кои веќе ги има на пазарот во Косово да бидат позастапени.

Share
Прочитај повеќе

ФАО ја зголемува поддршката за македонското земјоделство со четири нови регионални проекти во вредност од 1,5 милиони долари

Денеска МЗШВ и ФАО потпишаа четири нови проекти:
✅ за подобра контрола на штетници на растенија
✅ итно справување со Африканска свинска чума
✅ намалување на загуби и отпад од храна
✅ трајно користење на рибите преку одржлив развој

Share
Прочитај повеќе

Приватниот капитал ќе влезе во нивите

-Продажбата на државното земјоделско земјиште е една реформа која Владата храбро ја започна. Оваа година распишавме прв повик за продажба на земјоделско земјиште под оранжерии каде што имаше 19 апликации, а минатата недела излезе и вториот повик за продажба на државно земјоделско земјиште, истакна Министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Симулациска вежба за шап и лигавка

Симулациската вежба е алатка за подобрување на подготвеноста на АХВ и составен дел од планирањето за постапување во итни, кризни и вонредни состојби во однос на здравјето и благосостојбата на животните.

Share
Прочитај повеќе

Балкански експерт ги едуцираше пчеларите од Пијанец

-Вашиот мед е препознатлив во Европа и се бара и затоа, заради подобро организирање на самите пчелари, потребно е опремување на лаборатории за тестирање на квалитетот на мед и други пчелни производи. Во исто време примената на современите технологии во производството ќе придонесе за повисока цена на странскиот пазар – истакна Живадиновиќ.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со рускиот амбасадор Баздникин

-Со новиот амбасадор Сергеј Баздникин разговаравме за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за останатите проекти, во делот на енергетиката, инфраструктурата, транспорт, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Објавен вториот јавен повик за интерес за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.

Share
Прочитај повеќе