Димковски во Кочани: Целокупниот систем за наводнување ќе биде ставен во функција за новата сезона за сеидба на ориз
„Како ресорно министерство заедно со општина Кочани веќе ги преземавме сите потребни активности во делот на каналите за наводнување и одводнување, со цел да бидат подготвени за годинешната сезона за сеидба на ориз. Очекуваме за една недела да се објави јавна набавка со која за подржуниците на АД Водостопанство, меѓу кои е и подружницата во Кочани, ќе се направи една голема набавка во вредност од 50 милиони денари, со којашто ќе ги обезбедиме потребите на подружниците за резервни делови, градежни материјали и се друго што им е потребно, со цел целокупниот систем за наводнување да биде ставен во функција, за новата сезона за сеидба на ориз“, изјави министерот Димковски.
Прочитај повеќе
