Ковачевски: Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури

Премиерот Димитар Ковачевски на Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада“, кој денеска во Скопје се одржа пред претставници на дипломатскиот кор, стопански комори, граѓански организации, институции и медиуми, одговарајќи на прашања од интерес на медиумите на темата за долгорочната стратегија на Владата за надминување на економско-социјалната и здравствена криза предизвикана од пандемијата и војната во Украина, оцени дека преземените мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјали и „зелена нафта“.

Share
Прочитај повеќе

Бачовски: По субвенциите за овоштарство, подготвуваме исплата за градинарство и тутун и првите исплати од Интервентниот фонд

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски во изјава за Агротим вели дека исплата на субвенциите во мај месец ќе има за градинарство, тутун, а ќе следуваат и првите исплати од Интервентниот фонд.

Share
Прочитај повеќе

Аплицирајте преку СИНПЕКС за набавка на тракторите ТАФЕ и ЏОН ДИР

СИНПЕКС Битола, само за своите клиенти  овозможува бесплатно пополнување на апликацијата, документите за набавка на трактор, во согласност со огласот за доделување на финансиска поддршка –Набавка на трактори.

Share
Прочитај повеќе

НФФ: Покрај интервентните мерки, да има и откуп за државните стоковни резерви

Земјоделците сметаат дека интервентните мерки ќе го ублажат ударот од кризата врз производството, но од Владата бараат и дополнителна помош – да има откуп за државните стоковни резерви.

Share
Прочитај повеќе

Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО

Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги,  во Рим остварија средба со Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, Кју Донгју.

Share
Прочитај повеќе

Средба Николовски – Патуанели: Преку потпишаниот меморандум за соработка отвараме нови можности за соработка во земјоделството меѓу Северна Македонија и Италија

Како дел од работната посета на Република Италија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари работна средба со министерот за политики во земјоделството, прехрана и шумарство на Италијанската Република, Стефано Патуанели.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенции за овоштaрите, 434 милиони денари за оддржување на овошни насaди

На сметките на 10.479 овоштари исплатени се  субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади.

Share
Прочитај повеќе

Во Штип прво прскање против комарците

Со оваа прва фаза од предвидената дезинсекција ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети, а целта, како што велат од Општината, уништување на ларвите.

Share
Прочитај повеќе

10 мај е крајниот рок за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распиша ЈАВЕН  ОГЛАС бр.01/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Share
Прочитај повеќе

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Share
Прочитај повеќе