Средба на Министерот Борче Серафимовски со пчеларите

-На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција. Само преку отворен дијалог и координирано постапување можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, истакна Серафимовски. 

Share
Прочитај повеќе

Засилени контроли со сателитски снимки и за земјоделските површини пријавени за субвенции

-Со поединечни снимки во мај, јули и октомври, следиме дали вегетацијата се зголемува и дали реално таму има некаков насад. Ние, реално, не можеме да ги поминеме сите земјоделски површини. Се работи за огромна бројка. Одиме таму каде што имаме пријави за инспекторите да извршат увид. Сега, со примената на информатичките технологии и интероперабилноста на ниво на државата, многу е полесно. Ги преземаме податоците од секаде, -истакна Серафимовски.

Share
Прочитај повеќе

Серафимовски: Имаме злоупотреба на субвенциите, се користат ушни маркички од угинати грла за да се добие финансиска поддршка

Грлото угинува, а сопствениците едноставно ја земаат маркичката, ја чуваат и се уште врз основа на таа маркичка го пријавуваат животното иако е веќе угинато, го нема. Во една неофицијална акција што сега ја направивме, се покажа дека на хартија имаме скоро 400.000 овци, а реално се околу 250 до 280 илјади. Се работи за разлика од 100 до 130-140 илјади грла.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста и операторите со храна дека, согласно добиеното известување од Бугарската агенција за безбедност на храната, од 3 август 2026 година воведени се засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село).

Share
Прочитај повеќе