Африканска свинска чума во одгледувалишта во три кумановски села

Вести

Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг има појава на африканска чума, соопшти вчера општинскиот штаб за заштита и спасување, кој заседаваше заради појава на свинска болест, африканска чума, пренесе МИА.

Штабот ги информираше граѓаните дека на територија на Општина Куманово има појава на свинска болест која не е штетна за човекот и други животни, кои пак се потенцијални преносители.

– Агенцијата за храна и ветеринарство согласно донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болеста, африканска чума кај свињите, со кое за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово, се однесуваат следниве мерки, забрана за движење и промет на свињи од наведените населени места, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена. Пописот ќе го спроведуваат ветеринарните друштва, соопштија од штабот, е наведено во соопштението.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *