ХОЏА: Се подготвува ИПАРД програма 2021-2027 преку која се очекува да се добие 60% повеќе средства во споредба со ИПАРД II

Вести

Заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Николовски и Битиќи, и директорот Бачовски денеска присуствував на настан по повод подигање на нови лозови насади на компанијата „М6 Аграр“, која е дел од Групацијата М6. Грозјето одгледано на лозовите насади на „М6 Аграр“ се користи за производство на вината на „Тиквеш“.

Финансиската поддршка е обезбедена од програмата ИПАРД II. Вкупната вредност на инвестицијата е околу 2,5 милиони евра, од кои 60% се поддршка од ИПАРД програмата, а останатите 40% се од сопствени средства на компанијата „М6 Аграр“, наменети за обновување на лозови насади на вкупна површина од 120 хектари и за набавка на механизација и инвестиција во објекти.

Преку многу вакви примери, ние застанавме на лидерското место помеѓу земјите кориснички на ИПАРД во однос на степенот на искористеност на ИПАРД II. Како резултат на добрата искористеност на средствата од Програмата, за прв пат во историјата, РСМ нема да враќа неискористени средства од Програмата.

До крајот на периодот за реализација на ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе биде објавен и последниот јавен повик, во јуни 2021 година, за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Во тек се и активности за подготовка на новата ИПАРД Програма 2021-2027 или ИПАРД III, преку која се очекува РСМ да добие за 60% повеќе средства во споредба со ИПАРД II.

Се очекува Европската комисија да ја усвои програмата во декември 2021 и веднаш потоа ќе биде објавен и првиот повик од новата програма.

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *