Агротим ќе одржи уште една инфо сесија во Струмица на тема „Договорно производство на органска пиперка“.

Вести
Почитувани земјоделци, во организација на „Агротим“, во четврток (23.9.2021) во 19 часот во Хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи  уште една инфо сесија на тема „Договорно производство на органска пиперка“.
Присутни ќе бидат претставници на откупувачи, преработувачи, агробизнисмени, раководителот на ПЕ на МЗШВ во Струмица, советници за органско производство како и претставник од сертификациска куќа и проектот ИМЕ.
Очекуваме дека ќе има продуктивна дебата, едукативна и пред се информативна за сите предности на договорното и на органското производство, не само за пиперката туку и за други градинарски култури.
Ве очекуваме да слушнете како да заработите повеќе и да имате сигурност во производството.
Поради ковид протоколот и ограничениот број на присутни, ве замолуваме да се пријавите со порака до Агротим.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *