АХВ домаќин на “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка”

Вести

 

Aгенцијата за храна и ветеринарство, денес и утре (20-21.04.2022 година) во Охрид ќе биде домаќин и претседавач со “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка”. Форумот ќе се одржи под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија и на него ќе земат учество високи претставници од Генералниот директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), од ветеринарните власти од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Црна Гора, Република Косово, Република Србија, како и претставници од проектот покровител на Форумот.

Во двата дена на форумот ќе се дебатира за состојбата со болестите кај животните во Западен Балкан и статусот на слободни земји од одреди болести, со акцент на класична свинска чума, чумата кај малите преживари, болеста беснило, а објаснети ќе бидат и програмите за системот на официјални контроли за справување со беснилото кое се пренесува преку кучињата, подобрувањето на пасивниот надзор на болеста и анализата на податоци за Западен Балкан.

Во однос на болеста авијарна инфлуенца ( птичји грип) презентирана ќе биде состојбата во секоја земјите учеснички на форумот и во Европа, а од страна на проектот покровител на форумот, ќе биде претставен предлогот за подготовка на кохерентна стратегија за контрола на оваа болест. И африканската свинска чума ќе биде во фокусот на интересот на учесниците на форумот на кој ќе се дебатира и за креирање на регионална кампања за оваа болест, за која ќе биде презентирана епидемиолошката состојба во Европа и Западен Балкан.

Дефинирани ќе бидат и идните полиња и приоритети за регионална соработка и комуникација, со цел преземање на координирани мерки за превенција, заштита и искоренување на болестите кај животните. Утре и задутре во Охрид ќе бидат разменети и искуства од работењето на надлежните ветеринарни служби од регионов, а избран  ќе биде и новиот ко – претседавач  за наредните 6 месеци.

 

 

forum

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *