АХВ: Македонските граѓани јадат безбедна храна

Вести

Македонските граѓани јадат безбедна храна, од домашно производство и од увоз, а
истата редовно се контролира од страна на официјалните ветеринари и инспекторите
за храна.

Дилетантски и неосновани се обвинувањата на дополнителниот заменик
министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, изнесени
на прес конференција, со која се обиде да внесе страв кај граѓаните дека
јадат небезбедна храна, свесно неосновано обвинувајќи ја Агенцијата за храна и
ветеринарство, дека од јуни до ноември минатата година, поради неспроведување на
мониторинг на безбедноста на храната, не се вршеле никакви проверки на нејзината
безбедност.
Минатата година и во посочениот временски период, од увоз и од домашното
производство и промет, земени и лабораториски биле испитани биле вкупно 6929
мостри само од храна од животинско потекло. Дополнително од увоз испитани се и 376
мостри од храна од животинско потекло, храна за животни и нус производи од
животинско потекло.
Трипуновски досега требаше да научи дека официјалните контроли се основа за
контрола на безбедноста на храната и нив инспекциските служби на АХВ секојдневно ги
спроведуваат.
Мониторинг програмите за безбедност на храната, се испитувања кои се вршат покрај
официјалните контроли и претставуваат само поширок показател и основа за
анализирање на ризикот и база за планирање на спроведувањето на официјалните
контроли.
Како одговорна институција за безбедноста на храната, храната за животни и здравјето
на потрошувачите, апелираме Трипуновски место неосновано да обвинува и
застрашува граѓаните дека јадат небезбедна храна, да научи што е мониторинг, а што
официјални контроли. Официјални контроли Агенцијата спроведува секојдневно, во
текот на целата година, а мониторингот, може и се спроведува во кој било период од
годината.
Постапките за јавните набавки за вршење на лабораториски испитувања на
безбедноста на храната од животинско и неживотинско потекло Агенцијата за храна и
ветеринарство ги има започнато уште во февруари и истите се завршени согласно
законските процедури.
Апелираме до граѓаните да им веруваат на институциите кои се грижат за безбедноста
на храната и храната за животни и да не подлегнуваат на лажните политикантски
обвинувања со кои кај нив неосновано се креира страв и паника дека јадат небезбедна
храна.

Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *