„И од Битола се може(и)“ со три успешни приказни за одржлив туризам

Вести

Се почесто странците кои ја посетуваат Македонија, бараат уникатни туристички искуства.
Од класични хотелски ризорти, јадења во огромни ресторани и немање допир со реалниот живот на локалното население, на странските туристи им е доста.
Затоа е заблуда ако сметаме дека туризмот во нашата земја треба да ги следи тие принципи.

И додека многу туристички работници сеуште тврдат дека треба да се инвестира во скап туризам кај нас, три примери од Битола покажуваат дека може поинаку, може подобро и може да носи профит.

На 25 февруари во 18 часот во Порта џез, се одржа настанот во склоп на проектот „И од Битола се може(и)“ а присутните имаа прилика да ги слушнат успешните приказни на следните битолчани:

* Љубица Мушуланова Ристевска– една од наследниците на познатиот потпелситерски бренд Шумски фенери, хотел и ресторан кој ја негува семејната традиција на гостопримство на влезот од најстариот национален парк на Балканот и да листа гости од локални туристи, преку патувачи до претстедатели на држави.

Љубица Мушуланова Ристевска ја раскажа бизнис приказната која ја започна нејзиниот татко, Панде Мушуланов во далечната 1988 година. “Шумски фенери” се успешен семеен бизнис од областа на туризмот цели 32 години. Љубица и нејзиниот брат од 2005 година го менаџираат целосно овој познат објект кој таткото им го предаде со целосна доверба. И воопшто не згреши, тој со сопругата ги уживаат пензионерските денови, а неговите деца, не само што го одржаа овој успешен бизнис, туку внесоа новини кои уште повеќе го етаблираа на картата на обавезни локации во кои треба да се помине барем еден викенд на Пелистер. И ова не е само обичен хотел и ресторан, ова е љубов кон планината преточена во домашно гостопримство, но и адреаналинско уживање во убавецот Пелистер преку нивната Freeride скијање услуга како оператор, која нуди ски сафари на Балканот.

* Пеце Цветковски-Персата кој неговата Вила Дихово ја донесе на пиедесталот за неа да пишуваат во престижни туристички водичи и магазини посветени на глобтротерите ширум светот. Добитник е на многу признанија за тоа што неговата иновативна туристичка приказна е посебна.

“Дојди како гостин, а замини си како пријател“, е мотото на домаќините во вилата Дихово, која лежи во шумите под Пелистер. Старата камена куќа, околу која се протега огромно зелено пространство, прошарано со разнобојни цвеќиња и децениски дрвја е парче од рајот што семејството на Пеце Цветковски го отвори за туристи од целиот свет. Сите си заминуваат пресреќни, полни со позитивна енергија, мир, задоволство и нови искуства. Престојот во природа е исклучително закрепнувачки и за душата и за телото, а гостопримството на Пеце Цветковски-Персата и целото негово семејство е нешто што го паметат целиот живот. За Вила Дихово пишувале National Geographic, Lonely Planet и Yahoo Travel.

* Александра Печалева– која од својот двор во Битола е светски промотор на македонското гастрономско наследство и досега угостила над 700 странски гости.

Печалева досега нагостила повеќе од 700 туристи во големиот двор во Битола, околу кој се куќите на неколку стари битолски семејства. Таа е жената која не зборува ниту еден странски јазик, иако разбира англиски и го обожува францускиот, но како што вели: “Кога човек сака луѓе, кога сака да им пренесе нешто, зборовите не се потребни. Со мимика, гестикулација или не знам како, се пренесува тоа што го сакаш. Едноставно, луѓето чувствуваат дека се сакани и добредојдени.” Сандра својот талент за готвење, преку Balkan Prime Turs го презентира на туристи кои со резервации ја посетуваат од целиот свет.

Ако сакате приказни за одржлив туризам преку кој се јакне и локалното население, следете го проектот “И од Битола се може(и)”.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *