АХВ повикува на совесно и безбедно празнување на Курбан Бајрам

Вести

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување.

Најавува дека во наредниве денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување на нелегално колење животни на јавни површни, со цел обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници.

Во рамки на вонредните засилени контроли кои пред празникот Курбан Бајрам ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи, општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, изречени се 19 казнени мерки од спроведени 90 контроли. Најголемиот број неусогласености се утврдени во Тетово и Гостивар и се однесуваат на непоседување на сертификат за здравствена состојба на животните, или за продажба на животни кои не се идентификувани.

Во спроведените контроли во Скопскиот регион и во другите општини, не се утврдени неусогласености, посочуваат од АХВ.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *