Агенцијата за храна и ветеринарство ќе повлече од пазарот дел од производите млечна храна за доенчиња од француската компанија „Селија“. Добиле известување од системот на Европската унија дека храната е небезбедна.
Апелираат потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи да не ги консумираат. Можат да ги вратат на местото каде што ги набавиле.