Актуелен шумски пожар во Беровскиот регион на површина од 50 хектари

Вести

Утрово е забележан шумски пожар од страна на шумочуварската служба од ПШС Малешево Берово во ШСЕ Губенек –Паруца, м.в. Диовица , меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Пожарот е на голема површина, од околу 50 ха, во високостеблена дабова шума на непристапен планински предел.

Во текот на вчерашниот ден на лице место е излезена екипа од десет гасначи од ПШС Малешево Берово и пет од ПШС од Равна Река Пехчево, со по две специјализирани возила за гаснење на шумски пожари. Во текот на денешниот ден во гаснењето на пожарот се вклучија екипи со специјализирани возила од ПШС Плачковица Виница и ПШС Плачковица Радовиш со по едно специјализирано возило за гаснење на пожари, како и противпожарните екипи од Кочани и Берово, Комуналното претпријатие на општина Берово, како и екипа од ДЗС.

Во текот на вчерашниот ден, гаснењето на пожарот било отежнато заради непристапниот терен и засилен северен ветер. Шумскиот пожар сеуште не е ставен под контрола, иако во раните утрински часови е вклучен и еден хеликоптер од АРМ.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население по повикот за нивна мобилизација, при што учествуваат со нивна механизација.

Пожарот е оддалечен од патот Берово-Виница шест километри и засега нема опасност по населените места во Беровскиот регион.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *