Атанасов од Рим: Стратегија и план за работа на европската комисија за справување со лигавката и шапот во ФАО

Вести Совети

Денес и утре во седиштето на ФАО, Рим, Италија се одржува 43то собрание на ЕУ-ФМД (Европска комисија за справување со Лигавката и шапот) во ФАО. Ќе се разгледува и усвои Стратегијата и работниот план за 2020-2023 година. Во извршниот комитет на ЕУ-ФМД, напорно работевме во текот на минатата година за да го осмислиме и ставиме на разгледување овој документ пред Генералното Собрание.

Најголемиот новитет е во тоа што покрај тековните и идните активности на ЕУ-ФМД, во справувањето со ширењето и сузбивањето на прекуграничните болест кои брзо се шират кај животните, се закана по нивното здравје и живот, а и предизвикуваат огромни економски штети, ќе биде користено искуството кое го има ЕУ-ФМД, и кое досега се покажа успешно во спречувањето и сузбивањето на ваков вид на болести.

Покрај Лигавката и Шапот, во брзоширечките болести се опфатени Треската од Рифт Долината, Ефемерската треска кај говедата, Јазлестата кожа кај говедата, Чумата кај малите преживари, Сипаниците кај овците и козите.

Фејсбук статус на Зоран Атанасов, директор на АХВ

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *