Бачовски: Денеска е реализирана првата исплата за субвенционирање на набавка на вештачки ѓубрива

Вести

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, соопшти дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше првата исплата наменета за субвенционирање на набавка на вештачки ѓубрива.

Оваа финансиска поддршка се спроведува преку Интервентниот фонд за земјоделство преку кој се опфатени земјоделските стопанства кои имаат засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед.

Денешната исплата се однесува на 1048 корисници и е со вкупна сума од 15 милиони денари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *