Атанасов оствари средба со менаџерскиот тим на МИК Свети Николе

Вести

На покана на менаџментот на компанијата МИК Свети Николе, директорот Зоран Атанасов придружен со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство беше во посета на објектот и оствари средба со првите луѓе на компанијата.

МИК Свети Николе е компанија со повеќе од 60 години постоење и традиција на производство на полутрајни, трајни и конзервирани производи од месо, аво рамките на својот капацитет има и кланица.

Со поддршка и посветеност на тимовите на Агенцијата за храна и ветеринарство и компанијата МИК Свети Николе, оваа компанија е во финална фаза на добивање одобрување за извоз на своите производи на пазарот на Европската унија.

За време на посетата, директорот Атанасов оствари состанок со менаџерот на МИК Свети Николе, г-дин Влатко Георгиевски, но направи и обиколка на самиот капацитет за производство со цел да направи увид на новините воведени во објектот во однос на инфраструктурата и технологијата која се користи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *