Пчеларство – календар на активности за месец април

Месец април е погоден за набавка на пчелни семејства. Тие мора да бидат здрави, без заразни болести и без карантин.

Share
Прочитај повеќе

Сточарство – календар на активности за месец април

Изведувањето на животните на отворено и хранењето со свежа трева може да создаде услови за појава на различни инфекции. Заради тоа, неопходно е да се превземат соодветни превентивни мерки.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – календар на активности за месец април

Во овој период кроењето на лозјата веќе треба да биде завршено. Доколку не е
извршена пролетна обработка и внесување на ѓубрива, потребно е во текот на овој месец
да се заврши со таа агротехничка мерка. Треба да се користат комбинирани ѓубрива со
брза апсорпција. Потребно е да се започне со првите обработки на почвата и уништување
на плевелите.

Share
Прочитај повеќе

Печурката „смрчак“ се позабележлива и на подрачјето на Пијанец

-Смрчакот расте во иглолисни планински шуми и на чистинките околу нив. Во многу голем број се јавуваат на опожарени места. Извонредно е вкусна и држи доста добра цена. Еден килограм од оваа печурка достигнува цена и до 1.000 денари.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: ХС Злетовица го ставаме во целосна функција, на системот се приклучуваат и Карбинци, Лозово и Штип

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Пробиштип, заедно со градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, одржаа работен состанок со менаџментот на хидросистемот Злетовица. На состанокот се разговараше за идните активности за заокружување на реализацијата на првата фаза од Проектот за водоснабдување ХС Злетовица, која се однесува на водоснабдување со квалитетна вода за пиење и поврзување на општините Карбинци, Лозово и Штип со овој систем.

Share
Прочитај повеќе

Полјоделство – календар на активности за месец април

Рок на сеидба:
Ориз – 20.04 – 20.05
Памук – 20.04 – 05.05
Пченка – 10.04 – 30.04
Кикиритки – 10.04 – 30.04

Share
Прочитај повеќе

Градинарство – календар на активности за месец април

Раните домати се препорачува да бидат посадени во период од 17 до 30-ти април, средно касните во периодот од 25.04 до 15.05.

Share
Прочитај повеќе

Мојсовска: Климатските промени создаваат најголеми проблеми кај македонските земјоделци

-Потребни ни се и преработувачки капацитети за вишокот земјоделски производи, како и регулирање на продажбата „од куќен праг“ иако дел од овие правилници се веќе почнати. Минатата година на Првиот форум беа дадени и препораки за спречување или барем за намалување на дел од проблемите со кои се соочуваме, рече Мојсовска.

Share
Прочитај повеќе

При крај е рокот за аплицирање за набавка на педигриран приплоден добиток

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска преку соопштение ги потсети сите заинтересирани дека во четврток, на 11- ти април завршува рокот за аплицирање по Мерката 121 „Набавка на приплоден добиток. Преку програмата за Рурален развој на располагање се 91 милион денари за набавка на приплоден добиток односно, педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.

Share
Прочитај повеќе

АХВ го затвори стационарот „Вардариште“ на 30 дена

На сила е и изречена забрана за ловење на бездомни кучиња во рок од 30 дена. Во овој временски период ќе се ловат и во стационарот ќе се прифаќаат само кучињата кои каснале човек, односно само по поднесена претставка до Агенцијата. Официјалните ветеринари, наредија и спроведување на мерки за темелна дезинфекција дезинсекција и дератизација во стационарот во рок од 5 дена пред негово повторно отворање.

Share
Прочитај повеќе