Овоштарство – календар за месец април

Овој месец започнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови.
Првиот третман, во текот на самиот почеток на вегетацијата има за цел да не се дозволи
масивен развој на болестите и штетниците. Исто така, во овај период почнува и обработката на почвата за уништување на плевелите.

Share
Прочитај повеќе

Прва фарма на магариња во Македонија: Грам магарешко сирење колку грам злато

Првата фарма на магариња е отворена во октомври 2017-та година, во охридското село Велестово. Претпоставките на луѓето дека магарињата се најтврдоглавите и најглупави суштества експертите велат дека паѓаат во вода. Доаѓа времето кога магарињата нема да се користат само како пренесувачи на товар и за други работи во земјоделството. Наскоро тие ќе се привелигирани и од нив ќе се чека само нов приплод и млеко кое е скапо и барано на пазарот.

Share
Прочитај повеќе

Почна пролетното вакцинирање на лисиците против беснило

Миризбата од мамката може да ги привлече домашните миленици и тие да ја конзумираат мамката. До сопствениците на домашните миленици апелираме во периодот на текот на кампањата како и во период од две недели по фрлањето на вакциналните мамки, да не се дозволи слободно движење на кучињата и мачките во регионите каде се врши или е извршена вакцинацијата.

Share
Прочитај повеќе

Активни три јавни повици преку Програмата за рурален развој 2019-та

Во четврток завршува јавниот повик за доставување на барања за добивање на финансиска поддршка мерка за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој. Оваа мерка на сточарите им овозможува набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации. Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до 6,5 милиони денари. Повратот на средства за оваа мерка се движи од 50 до 75 % од вкупната вредност на инвестицијата во зависност од тоа во какви услови се одгледуваат.

Share
Прочитај повеќе

Исплатен долгот што дел од винарниците го имаа кон лозарите

Министерот Николовски посочи пред почетокот на новата производствена реколта, лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски , изјави дека  праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога им се потребни на земјоделците ќе продолжи и во следниот период.

Share
Прочитај повеќе

Микроорганизми во млекото

Млекото е идеален медиум за микроорганизми. Од моментот на производство до потрошувачката на млеко и млечни производи, микроорганизмите активно делуваат и ги разложуваат состојките на млекото. Хигиената при самото молзење, па се до паковањето на млекото е главен предуслов за спречување на развојот на микроорганизми во млекото.

Share
Прочитај повеќе

Стручен совет: Заштита од полжави

Полжавите можат да направат значителни штети на растителните посеви,особено во подрачја со голема влажност, покрај реки и потоци, покрај шумски појаси,во пластеници и стакленици. Штетите главно ги прават полжавите без заштитни куќички или познати како голи полжави. Тие се хранат со грицкање на сочните лисја од младите растенија ворасадот од зеленчук или подоцна со лисја од салата, зелка, спанак и т. н. Ги напаѓаат сите градинарски растенија , освен кромидот и лукот. Покрај директните штети со грицкање на лисјата, полжавите на нив оставаат траги од лигава-слузава материја која ја лачат во текот на развојот.

Share
Прочитај повеќе

Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на болеста на чвореста кожа на Балканот

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, следејќи ги препораките на надлежните меѓународни организации, во 2019 година, продолжува со спроведување масовна вакцинација на говедата против болеста на чвореста кожа на територијата на целата држава.

Share
Прочитај повеќе

Како „нараснува“ квасецот „ДИ-ГО“?

Битолската фабрика за квасец и алкохол, уникат по дејноста и последен бастион на самоуправувањето имаше уште една пристојна деловна година. Во услови на борба за одржување статус-кво во продажбата оствари добивка од 78.200 евра, а приходот од продажба е речиси 7 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Навалување на класот пченица

Навалувањето на пченица може да биде предизвикано од разни причини. Се манифестира на таков начин што растенијата помалку или повеќе се навалуваат.

Share
Прочитај повеќе