Сточарство – календар на активности за месец април

Вести Совети Сточарство

Говедарство

Овај период претставува транзиција во однос на одгледувањето и исхраната на животните. Неопходно е што повеќе да се искористат сончевите денови и животните да
се изведат на прошетка и на пасење на отворено.

Особено внимание треба да се посвети на соодветно избалансираната храна. Потребно е животните да внесуваат по 0,5кг концентрирана сточна храна , за секој килограм млеко, над 5 кг. дневно. Препорачливо е во исхраната да биде вклучено и 2 – 3кг слама од пченица за дополнување на сувата материја, која обично во овој период од годината е ниска.

Изведувањето на животните на отворено и хранењето со свежа трева може да создаде услови за појава на различни инфекции. Заради тоа, неопходно е да се превземат соодветни превентивни мерки.

 

Овчарство и козарство

И кај овците имаме премин од штала кон пасишта. На пасиштата треба да има засолништа за прикривање на младите животни при евентуални неповолни услови. Неприфатливо е да легнат на влажна почва, што доведува до настинки и дијареа.

Во месец април козите со задоволство пасат млада сочна трева и млади кршливи гранчиња од дрвата и грмушките. Оваа храна е со висока содржина на вода, а мала хранлива вредност и има лаксативно дејство, што е предуслов за стомачно растројство. Заради ова во исхраната потребно е да се вклучи 0,3-0,4 кг концентрирана храна (сено, слама), готварска сол.

 

„ Современо Земјоделство “

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *