Авионско прскање против комарци во Штип

Вести

На територијата на општина Штип денеска се спроведува  авионска дезинсекција со цел уништување на возрасните комарци. Запрашувањето се спроведува во периодот од 5 до 07:30 часот наутро.

Како што информираат од општината, со третирањето ќе биде опфатено централното и приградско подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари.

Во случај на неповолни временски услови, ветар, дожд и друго, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Од Општина Штип известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *