Бабовски на 90. Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните

Вести

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во својство на делегат, од 21 до 25 мај во Париз, Франција, учествува на јубилејното 90 Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).

Како што соопшти АХВ, Собранието ќе усвои измени и дополнувања на административни и технички резолуции со кои се регулираат политиките и имплементирачките акти од аспект на контролата и искоренувањето на одредени болести кај животните, а последната сесија ќе биде посветена на избор на нови членови на регионалните претставништва на WOAH.

На Генерално собрание ќе учествуваат делегати од 182 членки на WOAH, претставници од релевантни меѓународни организации, од земји набљудувачи, клучните чинители на Светската организација за здравствена заштита на животните и специјални гости на WOAH.

-Во рамки на 90. Генерално собрание на WOAH ќе се одржи и Форум за здравствена заштита на животните кој ќе биде фокусиран на птичјиот грип. Овој иновативен форум ќе обезбеди единствена можност делегатите и партнерите на WOAH да дискутираат за искуствата и препораките за контрола и искоренување на оваа болест која во последниве години погоди многу од земјите членки, фокусирајќи се на глобалните стратегиски предизвици за контрола на болеста, надзорот и мониторингот за нејзино рано откривање и превенција како и бизнис стратегиите за брз и ран одговор, вклучувајќи ја вакцинацијата. Во неколкуте сесии, во рамки на Форумот акцент ќе се стави и на меѓународните стандарди за олеснување и обезбедување на безбедна трговија, како и креирање на глобална координирана стратегија за прогресивна контрола на птичјиот грип, информира АХВ.

На 90. Генерално собрание на WOAH му претходеа состаноци организирани во рамки на петте регионални претставништва на оваа организација на кои се донесоа одлуки за стратегиските прашања и за кадровските решенија во однос на позициите во самите регионални претставништва кои ќе бидат презентирани и усвоени на Генералното собрание.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *