Бабовски на едукативна работилница „Намалување на инциденти од небезбедна храна во претшколски установи – градинки во Пелагониски регион“

Вести

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денеска во Битола ќе учествува на едукативната работилница „Намалување на инциденти од небезбедна храна во претшколски установи – градинки во Пелагониски регион”.

Работилницата ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на циклусот обуки кои почнаа минатата година, а се однесуваат на обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *