Промоција на „Агроном 1947“ – здружение на земјоделски инженери

Вести

Промоција на професијата земјоделски инженер, особено кај помладите генерации, е една од целите на новоформираното здружение на земјоделски инженери „Агроном 1947“ кое ќе биде презентирано денеска во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

-Агроном 1947 е формиран со слободно здружување на земјоделските инженери во Република Северна Македонија, заради остварување на професионалните интереси во насока на препознавање и промоција на професијата, достигнувањата во секторот и влијанието во процесите на креирање, следење и имплементирање на иновативните политики во земјоделството и руралниот развој, наведуваат од здружението.

На настанот ќе бидат презентирани целите и програмата за работа на здружението, а ќе вклучува и неформален дел, каде колегите агрономи ќе можат да разговараат помеѓу себе, да споделуваат искуства и предлози за промоција и професионализација на професијата. Настанот ќе биде и можност за заинтересираните земјоделски инженери да станат членови на здружението и доколку пројават интерес, да се вклучат во работата на здружението, наведуваат од Агроном 1947.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *