Бектеши: Објавени јавни повици за субвенционирање печки на пелети, ПВЦ прозорци, сончеви колектори и фотонапонски панели

Вести

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги објави четирите јавни повици од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, предвидени за оваа година.

Јавните повици се однесуваат за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата, потоа субвенции за купени печки на пелети, финансиска поддршка домаќинствата ќе добијат и за купени и вградени сончеви термални колекторски системи, како и за купување и инсталирање фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати.

-За мерката субвенции за печки на пелети, од буџетот на Министерството за економија оваа година се предвидени 14 милиони денари, при што субвенцијата изнесува 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари, за домаќинства со ниски приходи. За мерката вградување ПВЦ прозорци, предвидени се 22 милиони денари, а финансиската поддршка изнесува до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за лица со ниски примања, соопшти Бектеши.

МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *