Висина на субвенциите за 2021 година за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.16: Директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2018, 2019 и 2020 година и истите не се корисници на останатите подмерки од член 2 ставови (2) и (3) од оваа уредба;

-Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2018, 2019 и 2020 година и тоа за:

-за одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари,

– за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари,

– за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари, – за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *