Бледите и оштетени бар кодови можат да се скенираат во УЈП

Вести

Нешто повеќе од 140.000 граѓани ја симнале апликацијата за поврат на 15% ДДВ, се огласија од Управата за јавни приходи. Заклучно со вчера, скенирани биле скоро 3 милиони фискални сметки. Притоа граѓаните направиле промет од близу 25 милиони евра, од кои повратот на ДДВ изнесува над 412.000 илјади евра. Овие пари на граѓаните ќе им бидат вратени на трансакциските сметки во декември.

Оние што досега скенирале фискални сметки се жалат на лошиот принт и слабиот квалитет на хартијата, па така сметката не можела да помине во системот. Од УЈП работеле на подобрување на системот.

Голем дел од граѓаните, проблематичните фискални сметки ги скенираат на баркод читачите во УЈП, но велат оваа процедура не можат да ја прават премногу често поради далечината на апаратите од нивното место на живеење.

Но има и граѓани кои до сега немале проблем при скенирањето на сметките. Тие пак велат дека за сега се било добро, и се надеваат дека така ќе остане.

Инаку, со задоцнување од речиси две недели, апликацијата Мој ДДВ стана достапна и за корисниците на Ајфон. Претходно, од УЈП информираа дека барањето за одобрување на апликацијата до Apple било доставено навреме, во мај, но се чекало поради строгите правила на компанијата.

Поврат на ДДВ не може да се бара за сметките за струја и вода, бидејќи за нив не се издаваат фискални сметки, туку се плаќа преку фактура.

Експертите веќе се изјаснија дека мерката стартувала без подетална анализа дали ефектите од неа, ќе ги надминат трошоците за нејзино спроведување.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *