Граѓаните кои скенирале сметки преку апликацијата Мој ДДВ во февруари ќе ја добијат исплатата за последното тримесечје од 2020 година

Во текот на следниот месец, на граѓаните кои скенирале сметки преку апликацијата Мој ДДВ, ќе им бидат исплатени средствата од последното тримесечје од 2020 година.

Share
Прочитај повеќе

Димковски и Лукаревска: Kористете ја апликацијата Мој ДДВ, да придонесеме за поголем семеен буџет и намалување на сивата економија

Вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска со карванот Мој ДДВ ја промовираа оваа мерка во Гевегелија. Со мерката Мој ДДВ којашто за прв ја воведува оваа Влада, граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари, да остварат поврат на 15% од платениот ДДВ.

Share
Прочитај повеќе

Што забранува и на што обврзува „Мој ДДВ“?

Стартуваше Проектот „Мој ДДВ“, со кој граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ. Од информациите што ги пласираат надлежните институции во системот веќе се регистрирани значителен број на лица кои сакаат да го искористат правото кое е овозможено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Сепак, потребно е да се знае дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции. Казните се однесуваат на правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.

Share
Прочитај повеќе

Бледите и оштетени бар кодови можат да се скенираат во УЈП

Нешто повеќе од 140.000 граѓани ја симнале апликацијата за поврат на 15% ДДВ, се огласија од Управата за јавни приходи. Заклучно со вчера, скенирани биле скоро 3 милиони фискални сметки. Притоа граѓаните направиле промет од близу 25 милиони евра, од кои повратот на ДДВ изнесува над 412.000 илјади евра. Овие пари на граѓаните ќе им бидат вратени на трансакциските сметки во декември.

Share
Прочитај повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Мој ДДВ“ за враќање 15% од ДДВ на граѓаните

Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1800 денари за три месеци. 98% од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите 2% ќе има лимит“, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски, и додаде дека оваа придобивка е обезбедена за сите граѓани, и дека заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари. 

Share
Прочитај повеќе