Поддршка од Светска Банка за проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството

Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со министрите од економскиот ресор и со новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе.
-На средбата разговаравме за поддршката од Светска банка во периодот 2019-2023 и за реализација на проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Струмица

Потсетување: Денеска во Струмица ќе се одржи регионалната работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиштето во Струмица

Share
Прочитај повеќе

Двојно повисоки субвенции за органско производство

Годинава органските градинари го остваруваат условот за повисока финансиска поддршка за 100, а лозарите и овоштарите дури за 70 проценти.

Share
Прочитај повеќе

Која е храната што донесе револуција во начинот на исхрана?

Житарките, започнале да се користат како храна во почетокот на 1800-тите, но иако се знаело дека се здрави, тешки биле за џвакање и варење. Тука дошло до револуционерно откритие, каде сировите жита почнале да се преработуваат во снегулки и различни форми, а луѓето веднаш почнале да ги забележуваат позитивните промени врз здравјето: подобрена дигестија, регулиран холестерол и крвен притисок, намален морбидитет и енергичен старт на денот.

Share
Прочитај повеќе

Николовски на средба со земјоделци во Валандово: Исплатени близу 4,4 милиони евра за субвенции за површини со градинарски култури

Николовски посочи дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 270 милиони денари или близу 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци. При тоа Николовски потенцираше дека праксата за навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците ќе продолжи во следниот период, како што тоа претходно беше со исплата на субвенциите за грозјете пред почетокот на производствената сезона, за грла добиток и за житните култури.

Share
Прочитај повеќе

Владата ќе субвенционира производство на струја од сончева енергија

„Државата ќе го додели земјиштето на долгорочен закуп, државата ќе го реши проблемот со урбанизацијата и државата ќе преговара со операторот на дистрибутивната мрежа. После потпишувањето на договорот единсвена обврска на инвеститорот ќе биде да си направи основен проект, не е тоа комплицирано, да направи некаков еколошки елаборат, тоа исто така оди брзо, ќе му требаат два – три месеци, во меѓувреме може да ја набави опремата, и тој може за шест месеци да го заврши проекот доколку е добро организиран“, рече  Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

Share
Прочитај повеќе

Потпишан договорот за втората фаза за наводнување на јужната долина од реката Вардар

„Со потпишувањето на договорот за овој важен проект ги зголемуваме капиталните инвестиции во земјоделството, создаваме модерни системи за наводнување, што крајно ќе придонесат за намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна ќе придонесат за создавање на модерно и европско земјоделство“, истакна Заев во своето обраќање.

Share
Прочитај повеќе

“Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” продолжува утре во Струмица

На 12. март (вторник), 2019  година, во Струмица, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Откриено опасно месо во месарници и ресторани во Делчево

Агенцијата за храна при контроли на ресторани и месарници во Делчево открила неозначено и небезбедно месо. Истото е отстрането и уништено од објектите, а сопствениците се соодветно казнети. 

Share
Прочитај повеќе

Дополнителни субвенции за праменка, буша и балканска коза

Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари следуваат за говедата од домашната раса буша.
На дополнителни 550 денари сточарите имаат право и за овците од расата праменка и козите од расата балканска. Одгледувачите на овци и кози имаат право и на по 3.000 денари за секој домашен шарпланинец.

Share
Прочитај повеќе