Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Струмица

Вести Совети

Во организација на ФАО „Food and Agriculture Organization“ во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Струмица ќе се одржи регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.

Работилницата е дел од годинашната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеца.

 

Според организаторите, целта на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште, а на настанот поканети се земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Источниот и Југоисточниот регион.

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД. Сопствениците на земјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на јавниот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште во текот на март и април 2019 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *