Органското производство финансиски се поддржува со 30 проценти повеќе од примарното, а откупувачите, трговците и извозниците имаат право и на дополнителни 5 проценти од вредноста на продадените производи.
Годинава органските градинари го остваруваат условот за повисока финансиска поддршка за 100, а лозарите и овоштарите дури за 70 проценти.
Дополнително имаат право и на половината од трошоците за сертификатот за органски производи.
По 3.500 денари за хектар им следуваат и за нивите на кои се користи зеленото ѓубриво и за земјиште оставено за следната година за одгледување на друга култура.
Во државава има регистрирани вкупно 3.100 хектари со органско производство и 480 производители.