Успешна приказна за користење европски пари во млекарницата „Сентис“ АГ во Тетовско Џепчиште

-Законот за финансиска поддршка го проширивме за опрема за преработка на земјоделски производи со цел да ги заштитиме земјоделците и да им овозможиме своето производство да не го продаваат како свежо, туку преработено со што се добива додадена вредност но и се зголемува трајноста на производите. Така тие нема да мора да ги продаваат своите производи кога има најниска цена или пак дел од производството да не го продадат, изјави Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе

Кампања “Биди неговиот херој” во Радовиш

Преку едукативен материјал кој Агенцијата го подготви во рамки на оваа кампања, на дечињата им беше објаснето што значи да се биде одговорен сопственик, како да се заштитат милениците и бездомните животни. Поделени беа боенки, брошури и друг едукативен рекламен материјал, преку кој на дечињата на сликовит начин им се објааснува што значи да се биде совесен граѓанин и одговорен сопственик на домашен миленик и какви обврски имаат сопствениците на миленици.

Share
Прочитај повеќе

Годишно се уништуваат околу 13 милиони хектари шума

Светскиот ден на шумите, кој се празнуваше (вчера) на 21-ви март, потсетува дека шумата како една од најразновидните биолошки екосистеми, во која живеат повеќе од 80 отсто од копнените видови, прекриваат една третина од копнената маса на Земјата, а околу 1,6 милијарди луѓе зависат од неа, но и покрај тоа, 13 милиони хектари шума се уништуваат годишно.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ апелира на внимателно и одговорно однесување на сите лица кои извршуваат активности во земјоделството и во шумите

Само во тековниов месец ЈП Национални шуми евидентира околу 70 пожари со опожарена површина од околу 1,600 хектари. Ваквата појава пред се, се должи на палење стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари истите брзо ги зафаќаат и шумските површини.  Покрај стрништата пожарите гореа и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со европски средства од ИПАРД 2 и владина поддршка обезбедуваме развој на преработувачката индустрија

-Ме радува што на првиот повик од ИПАРД 2 програмата се склучени 950 договори од кои што 760 договори се веќе реализирани односно тоа се инвестиции во износ од 8,3 милиони евра“, изјави Николовски, додавајќи дека претходниот месец завршија два нови јавни повика од ИПАРД 2 програмата, на кои вкупно се поднесени околу 1.200 барања, чии што износ на инвестиции надминува 33 милиони евра. 

Share
Прочитај повеќе

Овчарство – Шанса за невработените!

Овците се исклучително корисни животни. Млеко, месо, волна, кожа, крзно – важни производи што ги добиваме од овците, како за храна, така и за облека. Поради оваа причина, одгледувањето овци е една од најважните гранки на сточарството.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани новите стандарди за квалитет на меленото месо, подготовките и производите од месо

Од аспект на подобрување на деловната клима, во периодот што следи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе пристапи и кон поедноставување на документацијата која задолжително треба да ја следи пратката. Комерцијалниот документ за храна од животинско потекло кој ја следи пратката ќе се интегрира и поврзе со слични типови на документи кои се потребни при транспортот на пратката, односно, ќе се изврши редуцирање на можноста од дуплирање на документацијата, а ќе се воведе и можност за електронско водење на таквата евиденција.

Share
Прочитај повеќе

Да и се спротивставиме на глобализацијата: Одгледувajте петли!

Младите петли кои се додаваат, треба да бидат помеѓу 25 и 28 недели и да имаат тежина што е 20 пати поголема од тежината на женките. Кога петлите се вселуваат, за да не се зголеми односот од 10-12 кокошки по петел, што води до зголемена смртност на пилињата, мора да се направат посебни боксови и простории за чување на петлите и посебна грижа за нивната исхрана.

Share
Прочитај повеќе

Објавен јавниот повик за доставување на барања за мерките за финансиска поддршка за Локалните акциони групи

МЗШВ минатата година издаде решенија за формирање на 13 Локални акциони групи, што беше и првиот чекор по многу изминати години Локалните акциски групи да имаат можност да ги финансираат своите проекти и активности преку националниот буџет односно преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе

Интервју со министерот Љупчо Николовски на Сител телевизија

Погледнете го интервјуто на министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на телевизија Сител, денеска во дневникот во 16:00 и во 19:00 часот. Ќе зборува за новите мерки за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за исплатата на субвенциите и бенефитите од Програма за наводнување на јужниот дел на реката Вардар.

Share
Прочитај повеќе